Поврзете се со нас

Балкан

Поранешен тренер на Шкендија ќе го води Динамо Загреб

Објавено

на

Екипата на Динамо Загреб доживеа непријатно изненадување во Купот на Хрватска, односно елиминацијата од Шибеник значаше разделба со тренерот Анте Чачиќ.

Актуелниот шампион не играше добро во изминатиов период, а како капак на се дојде „потопот“ од Шибеник по што стана јасно дека Стефан Ристовски и компанија ќе добијат нов предводник на „Максимир“.

Како што стојат работите нов тренер на „модрите“ ќе биде Рој Ференчина кој досега му беше асистент на Чачиќ. Дилемата е дали тој ќе ја извршуваа оваа функција на еден-два натпревари или до крајот на сезоната.

Интересно е тоа што Ференчина во еден период работеше во Македонија и тоа како тренер на Шкендија, ама таа негова епизода во Тетово кратко траеше.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни