Поврзете се со нас

Европски првенства

Популарен тиктокер објави видео како се протнал без билет на финалето на „Вембли“ (Видео)

Објавено

на

Англискиот TикTокер познат како „j2hundred“ објави видео на кое од прва рака покажа како бил еден од фановите кои го следеле финалето на Европското првенство без билет.

Голем број англиски фанови го пробија обезбедувањето и влегоа на „Вембли“ без билет, по што без никаков проблем го проследиле дуелот меѓу Англија и Италија, а ова видео го покажува патот на „j2hundred“ и неговиот пријател до трибините.

Од првичната желба да ја почувствува атмосферата во центарот на Лондон, а потоа пред „Вембли“, тиктокерот со над милион следачи реши да проба да се најде и на трибините.

Откако не успеа да го поткупи членот на обезбедувањето, „j2hundred“ и неколку други фанови искористија слаба точка на оградата и без многу проблеми се најдоа на седишта за кои немаа билети.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни