Поврзете се со нас

Свет

Поповски немаше свој ден против Криенс-Луцерн

Објавено

на

Мартин Поповски и неговата Амичитија Цирих претрпеа пораз од Криенс-Луцерн од 31:26 во денешната пресметка во првата швајцарска лига.

Домаќините беа надиграни во првото полувреме со 18-13 што на крај се покажа како пресудно затоа што вторите 30 минути минаа во изедначена игра.

Ова за Цирих беше трет меч во низа без победа во шампионатот, па Кадетен Шафхаузен и вечерашниот ривал им избегаа на табелата.

Македонскиот интернационалец Поповски немаше свој ден иако беше втор стрелец во својата екипа, постигна 4 гола, ама од 12 обиди што е слаба реализација.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни