Поврзете се со нас

Балкан

Пикси најави тужба по обвинувањата од Црвена Звезда

Објавено

на

Српскиот селектор Драган Стојковиќ Пикси денеска одговори на жестокото обвинување од Црвена Звезда, клуб кој го посочи како главен виновник за форсирањето на ривалот Партизан од страна на националниот сојуз.

Скандалот беше инициран од сомнителниот пенал со кој Партизан го победи Спартак, по што раководството на „црвено-белите“ го наведе Пикси како предводник од сенка на политиката на сојузот.

– Мачно ми е да пронајдам вистински зборови за да опишам колку бев шокиран кога ги прочитав обвинувањата, невистините и нискобуџетните лаги за себе.

– Не е првпат Звездан Терзиќ да зборува на таков начин за мене, иако претходно го игнорирав и бев концентриран на обврските кон националниот тим.

– Овој пат ја помина линијата и ме стави во позиција да немам избор, односно да морам да ги заштитам честа и угледот на суд. Не сакам да трпам навреди и клевети, па моите адвокати ќе испратат тужба за Терзиќ. Мислев дека ќе имаме мирен период во пресрет на подготовките за мундијалот, но очигледно ќе треба да се занимавам и со вакви работи, – изјавил Стојковиќ кој е поранешен играч и легенда на Црвена Звезда.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни