Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Пешевски: Спремаме агресивна одбрана за Кјелце, зошто да не се радуваме?

Објавено

на

Македонскиот првак Еурофарм Пелистер во 9. коло во Лигата на шампионите му гостува на полскиот великан Кјелце.

Ова е средба која е закажана за в четврток од 20:45 часот, меч на кој домаќините го имаат статусот на фаворити, но битолчани водени од последните издание, особено од она против Пик Сегед минатата седмица веруваат дека ќе се претстават во најдобро светло и ако се отвори шанса да освојат бодови.

-Се подготвуваме напорно за Киелце, „ветер во грб“ ни е одличното второ полувреме кое против нив го одигравме во Битола. Пофалните зборови од Талант Душебаев ни даваат до знаење дека треба уште повеќе да „нагазиш“ и да се покажеш во уште подобро светло и на гостински терен. Доаѓањето на Филип Кузмановски ни даде елан за повеќе да веруваме. Македонските ракометари треба да преземат повеќе одговорност. Имаме Македонци кои знаат да играат во Лигата на шампионите и потпомогнати од интернационалните засилувања, време е да одиграме квалитетни шеесет минути и зошто да не се радуваше.

-Киелце ќе излезе во поинаков состав во споредба со натпреварот во Битола. Тука не играа Алекс Душебаев и Сичко, верувам дека сега ќе играат. Спремаме агресивна одбрана за нив, а во напад треба да бидеме трпеливи и се надевам дека ќе бидеме изненадување. Играта „седум на шест“ секогаш ни е опција. Имаме позитива која нè краси во последниот еден месец и на добар пат сме за позитивни резултати, -истакна капитенот Жарко Пешевски.
Првото соочување меѓу овие две екипи заврши со славје на Кјелце од 24:21.
Реклама
Реклама
Реклама

Популарни