Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Пелистер со пораз од Колштад ја заврши авантурата во ЛШ

Објавено

на

Foto:facebook.com/hceurofarmpelister

Еурофарм Пелистер се врати во ракоментата елита откако минатата сезона стана македонски национален првак, но новото искуство во Лигата на шампионите донесе разочарувачка серија на резултати, која денеска беше завршена со уште еден пораз.

Тимот на Ангеловски ја изврши својата последна задача со гостување во Норвешка кај Колштад, но „зелено-белите“ го претрпеа и 14-от пораз на 14-от одигран натпревар во најелитното натпреварување.

Стручниот штаб преводен од тренерот Бранислав Ангеловски реши да замине во Трондхајм со подмладен состав и без дел од носителите на тимот, а тоа беше добра увертира за нов неуспех во Европа.

Колштад се одлепи доста рано и поведе со 9:3, а тоа им овозможи на домаќините да ги контролираат случувањата на теренот и на пауза да заминат со предност од 17:13.

Разликата од четири гола се одржуваше во првата фаза од второто полувреме, но потоа Колштад повторно направија серија со три гола во низа и замна на 28:21, што автоматски значеше дека мечот е завршен. Колштад на крајот победи со 34:27 и со петта победа се прости од Лигата на шампиони, додека Пелистер ја заврши оваа сезона без ниту еден триумф.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни