Поврзете се со нас

Шпанија

Педри се загрева за Барселона: Дриблинг магија на талентираниот Шпанец ги воодушеви фановите (Видео)

Објавено

на

Лас Палмас вечерва извојува тешка победа против Луго во втората шпанска лига (1:0).

Единствениот погодок домаќините го постигнаа во 74. минута, со играч повеќе на теренот и дури откако претходно Луго не реализираше пенал, со кој гостите можеа да поведат.

Она што го сврте вниманието кон натпреварот е фантастичниот погодок на 17-годишниот Педри, кој со вистинска дриблинг магија се ослободи од својот чувар и му асистираше на стрелецот Кастро.

Педри е голем шпански потенцијал и фудбалер кој е веќе обезбеден од страна на Барселона и се очекува следната сезона да ги започне подготовките со првиот тим, по што ќе биде познато каде и како ќе ја продолжи кариерата.

Шпанските медиуми објавија дека Барса го добила големиот талент за само 5 милиони евра, а во моментот кога ќе стане дел од Барселона Б тимот, откупната клаузула за неговиот договор ќе изнесува 100 милиони евра.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни