Поврзете се со нас

Шпанија

Педри конечно го запозна својот идол Иниеста, Жорди Алба му помогна да го „скрши“ срамот (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/SEFutbol

Педри како голем талент на Барселона прерасна и во еден од клучните фудбалери на шпанската фудбалска репрезентација, нешто што го покажа и на премиерата на мундијалот во Катар.

Младиот офанзивен фудбалер е една од ударните игли во офанзивата на Луис Енрике на свој прв мундијал во кариерата, кој се покажа како добра шанса конечно да го запознае идолот од своето детство.

Педри во своето последно интервју кое го направи пред заминувањето во Катар откри дека никогаш лично го нема запознаено Андрес Иниеста, без иако во неколку наврати комуницирале преку социјалните мрежи.

Кампот на Шпанците во Катар денеска бил постен токму од големиот Дон Андрес, а срамежливиот Педри се срамел да дојде до збор кога првпат се запознал со Иниеста.

Жорди Алба се погрижил моментот да биде овековечен, по што Педри самиот признава дека бил посебно горд што го запознал својот идол.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни