Поврзете се со нас

Балкан

Павловиќ со атрактивни ножички извлече продолженија, Војводина го освои Купот на пенали (Видео)

Објавено

на

Фудбалерите на Партизан беа блиску до пораз во финалето на српскиот куп, но Војводина во финишот прокоцка два гола предност, дозволи продолженија и пенали, иако на крајот го освои трофејот.

Вукадиновиќ и Бојиќ го доведоа составот од Нови Сад во водство од 2:0, а таа предност „црвено-белите“ ја имаа до 81. минута кога Стевановиќ го врати Партизан во живот.

Еуфорија на стадионот во Ниш меѓу „Гробарите“ предизвика Павловиќ во 96. минута, откако со атрактивни ножички постигна атрактивен гол, со кој Партизан израмни и го испрати натпреварот во продолженија.

Победникот беше решен на пенали, а таму Војводина не погреши во четири серии, додека Партизан не реализираше два пати преку Витас и Здјелар, па купот го освои екипата од Нови Сад.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни