Поврзете се со нас

Евролига

Партизан се „исклучи“ во последниот период и доживеа болен пораз од Олимпијакос (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:twitter.com/PartizanBC

Екипата на Партизан води жестока битка да обезбеди Топ 10 пласман и место во плејин фазата во Евролигата, па вечерашниот пораз од Олимпијакос е многу болен и на крајот може да се покаже како пресуден ако тимот остане без посакуваната цел.

Имено „црно-белите“ играа квалитетно три четвртини или поточно 30 минути во кои му дозволија на противникот само 46 поени и притоа водеа со 13 разлика (59:46). Меѓутоа завршните десет минути беа катастрофални за домаќините, избраниците на Обрадовиќ се „исклучија“ и се што градеа го загубија во тој дел од натпреварот.

Постигнаа 10 поени за 10 минута, а примија дури 28 што во случајот значеше триумф за составот од Пиреја од 74:69.

Вилијамс Гос со 17 и Папаниколау со 13 поени беа први стрелци кај победникот, додека Пантер за поразените реализираше 19 кошеви.

Партизан во моментов е надвор од плејин-фазата со учинок 14-18, односно на две кола до крајот 10. позиција ја држи Анадолу Ефес со 15-17.

Останати резултати:

Жалгирис-Милано 87:73

Басконија-Анадолу Ефес 76:97

Баерн-Барселона 79:87

Асвел-Монако 77:97

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни