Поврзете се со нас

Италија

Парма го потврди Пандев, Џенова му испрати порака на социјалните мрежи (Фото)

Објавено

на

Горан Пандев дефинитивно ќе настапува за уште еден италијански клуб во финишот на кариерата, а тоа е второлигашот Парма.

Иако малку неочекувано, поранешниот капитен на македонската репрезентација донел одлука да се раздели со Џенова, па во вториот дел од сезоната ќе му биде соиграч на Џиџи Буфон во Парма.

Парма вечерва го потврди пристигнувањето на својата официјална интернет страница, а во членот на Серија Б, Пандев ќе соработува со искусниот тренер Бепе Јакини.

Пред малку, со Македонецот се збогуваше и Џенова, која на социјалните мрежи објави фотографија од Пандев со пораката „Благодариме, Горан“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни