Поврзете се со нас

Франција

Паредес: Меси сакаше да ме „убие“ во една ситуација

Објавено

на

Леандро Паредес е еден од најблиските соиграчи на Лионел Меси во соблекувалната на ПСЖ, но имало момент кога морал да се спасува од лутината на носителот на рекорден број „Златни топки“.

Аргентинскиот фудбалер открил интересна ситуација која датира од сезоната 2020/21 и двомечот на ПСЖ и Барселона во Лигата на шампионите.

Тогашниот член и предводник на Барса заработил жесток удар од Паредес, но Леандро вели дека друго нешто го изнервирало многу Меси.

– Се налути многу затоа што јас прокоментирав за него на моите соиграчи, а тој ме слушна. Тогаш се разбесни и сакаше да ме „убие“, а јас сакав да си одам дома, – вели Паредес.

– Потоа се сретнавме во националниот тим и тој не спомена ништо, се однесуваше со мене како претходно и тогаш сфатив колку голем човек е. Сега се смееме за таа ситуација, но тогаш сакаше да ме убие“, – вели членот на ПСЖ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни