Поврзете се со нас

Балкан

Панчев за својот кошмар во Интер: Постигнав десет гола за клубот кој ме малтретираше и уценуваше

Објавено

на

Дарко Панчев е прославен голгетер од овие простори и најубавите моменти во кариерата ги мина во Црвена Звезда, клуб од кој направи премин во Италија во еден од најголемите трансфери во тоа време.

Македонскиот голгетер замина во Интер како голема ѕвезда, но неговиот престој во Милано се претвори во вистински кошмар, односно ноќна мора зад која Панчев смета дека имало и политичка позадина.

Три децении подоцна, Панчев отворено говори за проблемите кои ги имал во Интер, а тоа го направи во ексклузивното интервју за „Спорт Клуб“.

– Има многу нејаснотии за тоа што ми се случуваше во Италија, на многумина околу мене не им беше јасно зошто не добивам шанса. Постојано се споменуваше моето македонско потекло, а се зборуваше дека пристигнувале и бројни писма од Грција за мене кои направија да порасне незадоволството. Не играв, а мојот трансфер беше еден од најскапите на стариот континент. Сите беа во неверица, неодамна прочитав изјава на мојот поранешен соиграч, славниот Бјанки. Тој се присети на тоа време и повторно изрази чудење зошто не играв во стартната постава на Интер.

– Кога се ќе се собере на куп, на 29 настапи за Интер, зад моето име има 10 гола. Тоа го направив во клубот кој ме малтретираше и уценуваше. Не знам како поинаку би го окарактеризирал тој мачен период во кариерата. На истекот на првата година од договорот, гостувавме во Мадрид кај Реал и игравме за трофејот „Бернабеу“. Заврши 2:2, постигнав гол и бев влијателен на тој меч. Веднаш после тоа добив повик од Севилја, ме контактираше Давор Шукер по барање на претседателот на Севилја. Сакав да одам, но наместо да добијам дозвола, добив СТОП. Добив и уцена за значително намалување на платата од мојот четиригодишен договор, нешто на што секако не се согласив.

– Нетрпеливоста растеше, следеа шест тешки месеци за мене и сакав само да играм на било кое место. Се појави Локомотива Лајпциг, последниот тим во лигата. Не ми беше важно колку е лош тимот, сакав само да одам. Отидов, знаејќи дека тимот е испаднат уште пред да заминам. Одиграв десет меча, постигнав два-три гола и не успеав да ја задржам Локомотива во елитата. Фудбалот беше и остана колективен спорт, еден Меси немаше да достигне таква слава во Барселона ако ги немаше Чави и Иниеста, – вели популарната „Кобра“.

Реклама
Реклама

Италија

Италијапред 2 часа

Де Роси: Моравме да дадеме втор гол…

Рома не успеа да слави против Џенова (1-1) и со тоа останува без триумф и по четири одиграни кола во...

Италијапред 3 часа

Пулишиќ: Пред нас е голем предизвик во ЛШ, ако сакаме добар резултат…

Милан конечно дојде до првата сезонска победа и тоа во дуелот со Венеција кој го доби со убедливи 4-0 со...

Италијапред 4 часа

Неста: Ако победам сум генијалец, ако загубам тогаш сум…

Монца освои само два победа во трите досегашни кола во Серија А, а оваа рунда има пеколно тешка задача затоа...

Италијапред 5 часа

Наследникот на Ибрахимовиќ постигна атрактивен гол и ги воодушеви навивачите на Милан (ВИДЕО)

Примавера тимот на Милан оствари убедлива победа над Емполи од 4-1, победа која беше одбележана од атрактивниот гол на Максимилијан...

Италијапред 5 часа

Деби гол за Довбик, Рома остана без победа во Џенова во 96. минута (ВИДЕО)

Екипата на Рома останува без победа во италијанската Серија А и по четири одиграни кола или поточно и по соочувањето...

Реклама

Популарни