Поврзете се со нас

Свет

„Осумка“ на Ѓуроски против лидерот Андора

Објавено

на

Оуренсе на македонскиот репрезентативец, Стојан Ѓуроски доживеа пораз од лидерот МораБанк Андора во рамките на 33. коло во ЛЕБ Оро лигата.

Лидерот во втората шпанска лига беше апсолутен фаворит и славеше со 95-61. Домаќините тргнаа моќно и уште во првата четвртина се стекнаа со двоцифрена позитива (25-12), предност која постојана ја надоградуваа во преостанатиот дел од натпреварот.

Дури шест играчи кај победникот беа двоцифрени, додека кај Оуренсе само еден играч ја мина границата над десет поени.

Нашиот Ѓуроски за 20 минути на паркетот реализираше 8 поени (1/3 за два, 2/3 за три), собра пет скока и забележа две асистенции.

Во последниот лигашки меч Столе и другарите имаат соочување со Леида.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни