Поврзете се со нас

Билијард и Снукер

O’Саливен со коментар за младите играчи: Толку се лоши што треба да ми отсечат рака и нога за да испаднам од Топ 50

Објавено

на

Рони О’Саливен денеска го започна настапот во четвртфиналето на Светското првенство во снукер, а противник му е искусниот Марк Вилијамс.

Сепак, она со што е поактуелен во медиумите е изјавата дадена вчера, а во која испрати директен напад кон помладите снукер играчи.

„Ракетата“ тврди дека стандардот на снукерот е толку опаднат, а младите играчи се далеку од она што го играат актуелните ѕвезди во „Крусибл“.

– Кога ќе ги погледнета младита играчи кои доаѓаат, не можам да кажам дека се добри. Најголем дел од нив би се снашле одлично само полуаматери или како аматери.

– Најголем дел од нив кога ги гледам сега си помислувам, треба да ми отсечат една рака и една нога за да испаднам од Топ 50, – изјавил О’Саливен.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни