Поврзете се со нас

Македонија

Одличниот Митревски си заминува од Еурофарм Пелистер

Објавено

на

Македонскиот репрезентативец, Никола Митревски ќе го напушти составот на Еурофарм Пелистер.

Тој во актуелнава кампања беше еден од најконстантните, најдобрите играчи на клубот од Битола, но според информациите по само една сезона си заминува од клубот, а во брзо време се очекува објава на местото, тимот каде ќе ја продолжи својата кариера.

-Не останувам во Битола, дефинитивно. Имам неколку опции, ќе видиме, наскоро ќе објавам и каде ќе продолжам, -изјави Митревски за g-sport.mk.

Искусниот голман со ова ќе им се приклучи на Ловро Јотиќ, Владислав Остроушко и Олександер Шевелев кои си заминаа од таборот на „фармацевтите“. Досега пак ангажирани беа Мариот Танкоски и Јосип Периќ, додека исто нови договори потпишаа уште неколку играчи.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни