Поврзете се со нас

Евролига

Обрадовиќ за инцидентот: Има видео, се знае кој го започна

Објавено

на

foto:www.facebook.com/bcpartizan

Мечот меѓу Реал Мадрид и Партизан во Евролигата предвреме беше завршен и тоа откако на теренот се случи вистински хаос, тепачка во која беа вклучени добар дел од играчите и тоа во моментите кога се беше јасно околу победникот со оглед на тоа што „црно-белите“ водеа со 90-85.

Уличарска завршница во Мадрид: Играчите на Реал и Партизан се испотепаа на паркетот, судиите предвреме означија крај! (Видео)

Сигурно ќе има жестоки казни за оние најбесните, инволвираните, но она што може да се заклучи е дека Партизан веќе води 2-0 и е на добар да обезбеди пласман на завршниот фајналфор турнир. Меѓутоа за инцидентот дефинитивно ќе се говори сега и во наредните денови, а свој првичен коментар за истите даде тренерот Жељко Обрадовиќ.

-Има видео, можете да видите кој започна и како започна. Играчите беа нервозни, се надевам дека ова е крајот на приказната. Не треба да продолжиме да зборуваме за тоа, -рече Обрадовиќ и додаде:

-Емоции. Тие мора да бидат контролирани. Но вакви работите се случуваат, можеби не на ова ниво, но тие се случуваат, -истакна стратегот кој даде краток коментар за повредата на Данте Егзум кој беше треснат на паркетот од Гершон Јабуселе.

— Изгледа лошо, не знам колку е тешко. Утре ќе оди на преглед, -порача Жељко.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни