Поврзете се со нас

Евролига

Обрадовиќ ги предупреди фановите: Ова не е мојот Партизан!

Објавено

на

Партизан го победи Баерн и врза три евролигашки победи за радост на фановите, а повторно голема поддршка на домашниот тим му беше публиката во „Арена“.

Поединци од тие навивачи сепак го испровоцираа тренерот Жељко Обрадовиќ, поради навредите упатени на сметка на претседателот Остоја Мијаиловиќ.

– Зарем треба да се навредуваме за време на натпревар?

– Тоа не е мојот Партизан, не дојдов овде за вакво нешто. Зарем треба да седам и да го слушам тоа?

– Најголем дел од фановите знаат против кого се бориме, тоа се наши непријатели. Кога ќе заврши сето ова може да седнеме со сите навивачи и да разговараме. Ако сум јас тој кој треба да се промени, не е проблем. Ова не е тоа поради кое се вратив и ситуацијата ме погодува, – изјавил Обрадовиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни