Поврзете се со нас

Европски купови

Ново признание за плејмејкерот: Шортс е МВП на колото во Еврокупот (ВИДЕО)

Објавено

на

foto: www.bebasket.fr/ Julie Dumélié

Членот на Париз и воедно македонски репрезентативец, Ти-Џеј Шортс по вторпат во оваа сезона е носител на признанието МВП на колото во Еврокупот.

Плејмејкерот овојпат ја доби наградата за блескавата партија против Вулвс Вилнус, тим на кој му уфрли 24 поени, 2 скока, 11 асистенции, 1 украдена топка, изнуди 7 фаули, поточно дојде до 32 индексни поени што беше доволно да биде најкорисен играч на 10. рунда по второто по ранг натпреварување во Европа.

Ова признание го подели со членот на Лондон Лајонс, Гејб Оласени кој даде 23 поени со 12 скока против Венеција, поточно исто имаше индекс 32.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни