Поврзете се со нас

Европски купови

Шортс со фантастично издание ги „гризна волците“ од Вилнус (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:twitter.com/youngbarros0

Македонскиот репрезентативец, Ти-Џеј Шортс и неговиот Париз имаат навистина одлична сезона во Еврокупот каде по десет кола се со учинок 9-1 (победи/порази) со што се на првото место во групата А.

Најнова жртва на францускиот клуб беше Вулвс од Литванија кој беше совладан на негов терен со 110:79. Најдобар на теренот беше токму Шортс кој забележа дабл-дабл од 24 поени и 11 асистенции, плус имаше уште 2 скока и 1 украдена топка.

Најголема поддршка за плејмејкерот беше Хифи со 24 поени, а двоцифрен беше уште само Крацер со 12 кошеви.

Париз во наредното коло ќе ја пречека Венеција која ја доби на првата средба со 81:75.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни