Поврзете се со нас

Свет

Нови победи за Лазаров и Митревски

Објавено

на

Македонските ракометни асови Кирил Лазаров и Никола Митревски остварија победи со своите Нант и Порто во првенствата на Франција и Португалија.

Нант како гостин беше подобар од Кретеј со 35-31 и тоа во средба во која одново најефикасен беше Ривера со 10 голови од 11 обиди. Нашиот Лазаров не се запиша во листата на стрелци, односно имаше два неуспешни обиди, ама запиша две асистенции.

Ова за Киро и соиграите беше 17 сезонско славје или 35 бод со што се на второто место зад ПСЖ.

Порто го потврди статусот на фаворит и го доби составот на Аванка со 31-24 во средба во која Митревски имаше три успешни интервенции.

Ова за актуелниот шампион беше 20 слајве во шампионатот со што останува на минус три бода од лидерот Спортинг со тоа што Никола и другарите имаат одиграно еден натпревар помалку.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни