Поврзете се со нас

Шпанија

Новата ѕвезда на Чави: Ќе го преминам „Камп Ноу“ на колена ако ја освоиме титулата во ЛШ

Објавено

на

Чави Ернандес состави една поинаква и моќна Барселона во летниот преоден рок и доби фудбалери по свој вкус, а еден од нив дефинитивно е Бразилецот Рафиња кој направи голем трансфер од Лидс.

Репрезентативецот на „кариоките“ нуди интересни потези на секој натпервар од стартот на сезоната и само презентира зошто клубот вложи толку пари во него, но како што вели самиот, тој не е дојден само за добри изданија, туку за освојување на најважните титули.

Чави се обидува да го всади тој менталитет кај секој фудбалер кој во моментов настапува во првиот тим, но сигурно полесно ќе му биде да го направи тоа со шампион како Роберт Левандовски кој веднаш се претвори во лидер во нападот. Барселона вчера победи со 0:4 на гостувањето кај Кадис и ја продолжи импресивната серија на резултат, па со огромна мотивација и самодоверба патува во Минхен.

Барселона посакува да остави добар впечаток и во Европа, а токму титулата во Лигата на шампионите е она за што сонуваат фановите на клубот, но и самите играчи.

– Ќе го преминам цел „Камп Ноу“ на колена ако ја освоиме титулата во Лигата на шампионите. Може да биде и стадионот на кој ќе го играме финалето, така да Инстабул би бил исто така добро сценарио.

– Мојот сон беше да го носам дресот на Барселона и затоа секоја друга понуда која ја имав на маса ја отфрлив. Дојдов тука за најголеми дострели и тоа секако е титулата во Лигата на шампиони, – вели Рафиња во интервјуто за „Ла Вангардија“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни