Поврзете се со нас

Формула 1

Нова Ф1 „бомба“: Ред Бул отвори истрага против Хорнер, творецот на шампионскиот тим може да остане без работа

Објавено

на

Неколку дена по сензационалната „бомба“ која ја режираше Луис Хамилтон со најавениот трансфер во Ферари, Формула 1 денеска ни носи нови неочекувани информации, а истите се поврзани за највлијателниот човек во актуелниот тимски шампион во „најбрзиот циркус“.

Како што известуваа угледните светски медиуми, Ред Бул отворил интерна истрага против шефот на тимот Кристијан Хорнер, поради која Британецот може да остане со оглед на сериозните обвиненија.

Според информациите, творецот на моќниот Ред Бул е предмет на истрага поради неприкалдно однесување кон женска личност во тимот, а доколку се покаже дека го прекршил етичкиот кодекс, не се исклучува да заработи отказ.

Портпаролот на Формула 1 ги потврди ваквите гласини од јавноста и открива дека засега се е во фаза на интерна истрага, по што се очекува во наредните неколку дена да има целосно разјаснување и разрешување на случајот.

Хорнер во моментов е во брак со поранешната „Спајс грлс“ пејачка Џери Халивел и од оваа врска има еден син, а од претходниот брак има и една ќерка.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни