Поврзете се со нас

Свет

Нова брилијантна партија на Шортс, следи плејоф пресметка со тимот на Кочов

Објавено

на

foto:www.championsleague.basketball

Македонскиот репрезентативец, Ти-Џеј Шортс игра во страшна форма во Телеком Бон, тим со кој оствари уште една победа во германскиот шампионат и тоа против Улм во последното коло од основниот дел.

Бон славеше со 85-83, а за тоа најголеми услуги има плејмејкерот Шортс кој „испука“ 30 поени со 6 скока и 6 асистенции со што беше далеку најдобар поединец на натпреварот.

Со овој триумф Ти-Џеј и компанија го потврдија првото место по 34. кола, поточно во разигрувањето за пехарот ќе влезат од позицијата број еден што во плејофот им носи дуел со осмопласираниот Кемниц.

Во Кемниц асистент е македонскиот стратег Ѓорѓи Кочов што значи дека ќе имаме една интересна пресметка меѓу луѓе кои се поврзани со нашата кошарка.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни