Поврзете се со нас

НБА

Генијалниот Јокиќ смислува идеални решенија и кога не гледа каде е топката (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/nuggets

Никола Јокиќ имаше импресивна партина во Ел-Еј и малку фалеше да му нанесе нов пораз на Лејкерс, но сепак неговиот трипл-дабл не се покажа како доволен за „метла“ против „езерџиите“.

Домашниот тим се избори за прва победа и намали на 3:1 во плејоф серијата, која сега повторно се враќа во Денвер и Нагетси ќе имаат две шанси за пласман во следната рунда.

Јокиќ беше единствениот играч на Денвер кој не сакаше да дојде до такво нешто, а потезите кои ги прикажа само потврдуваат зошто е главен фаворит за МВП наградата.

Српскиот центар го заврши мечот со 33 поени, 14 скокови и 14 асистенции, но едно додавање беше посебно интересно и спектакуларно и стана вирално на социјалните мрежи.

Јокиќ смисли идеално решение и во ситуација кога не знаеше каде е топката, па откако тапна истата пред него, со одбојкарски стил ја проследи истата до Портер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни