Поврзете се со нас

Англија

Нов проблем: Ливерпул го откажа пресот и чека одложување на полуфиналето со Арсенал

Објавено

на

Ливерпул има огромни проблеми со повредени и играчи позитивни на Ковид 19, а од ова претпладне, првиот тим остнаа и без резервниот тренер во наредниот период.

Јирген Клоп има позитивен тест на Ковид 19 и е во изолација од минатата седмица, но сега клубот ја откажа денешната прес-конференција откако позитивен на вирусот е и неговиот заменик Пеп Лијндерс.

Човекот кој го водеше тимот на дербито против Челси ова утро бил тестиран и тестот бил позитивен, поради што клубот објави дека пресот нема да биде одржан, а се очекува и разбирање од страна на одговорните лица на ЕФЛ Купот.

Ливерпул побара одложување на утрешниот Куп натпревар против Арсенал во полуфиналето, а сега ќе има причина плус да направи такво нешто бидејќи нема одредено човек кој би го водел тимот.

Барањето ќе биде разгледано во наредните неколку часа, по што ќе се донесе конечна одлука дали ќе гледаме утре фудбал на „Емирејтс“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни