Меѓународни настани
Нов огромен успех: Македонските „кантераши“ се закитија со титулата европски прваци! (Фото)

„Кантер Страјк“ репрезентацијата на Македонија одново ја воодушеви македонската јавност на Европскпто е-спорт првенство во Орадеа.
По освоеното светска титула пред осум месеци во Израел, македонскиот тим составен од пет члена направи нов огромен успех и на турнирот во Романија, славејќи над добро познатиор ривал Украина во големото финале.
Во една тесна и израмнета битка, Македонија победи со 2:1 против Украина и ги обедини двете најважни титули, па така истовремено е и светски и европски шампион во Кантер Страјк во верзијата Global Offensive.
Тимот составен од пет члена го сочинуваа Јане „aidKiT“ Апостолоски, Дамјан „kyxsan“ Стоилковски, Александар „CacaNito“ Ќулукоски, Павле „stYleEeZ“ Стојановски и Даниел „dan1“ Глигоров, со што момците само докажаа дека во овој момент се неприкосновени на светската и европска сцена.
Само за потсетување, нашата Кантер Страјк репрезентација имаше драматична пресмекта против Украина и во полуфиналето на Светското првенство, но и тогаш победија со тесни 2:1. Пред денешното ново славје во финалето, Македонија во полуфиналето на Европското првенство во Орадеа беше подобра од Србија.
-
Англијапред 22 часа
Фудбалер на Кристал Палас добива смртни закани поради црвениот картон на Нуњез
-
Англијапред 24 часа
Челси договори засилување од редовите на Интер
-
Англијапред 5 часа
Илон Маск твитна дека го купува Јунајтед, па се повлече: Ова беше…
-
Шпанијапред 7 часа
Димитриевски се најде во тимот на колото во најквалитетните лиги во Европа (ФОТО)
-
Формула 1пред 6 часа
Нови ветришта: Уредот кој му донесе шест титули на Хамилтон ќе биде повлечен од Формула 1
-
Англијапред 9 часа
Илон Маск твитна дека го купува Манчестер Јунајтед
-
Англијапред 7 часа
Барселона го одредила буџетот за трансферот на Силва
-
Шпанијапред 18 часа
Барселона се впушти во акција за дефанзивец на Вилјареал, „жолтата подморница“ експресно ги „поздрави“ каталонците