Поврзете се со нас

Македонија

Николовски се врати во редовите на Брегалница

Објавено

на

Поранешниот младински репрезентативец на Македонија, Анџело Николовски повторно ќе игра за составот на Брегалница.

21-годишниот Николовски кој игра на крилните дефанзивни позиции во изминатиов период беше дел од Гостивар, но сега се враќа дома или поточно во тимот од кој потекнува. Имено тој потекнува од фудбалската школа на штипските „сини“ со тоа што потоа беше дел и од Кит Го Пехчево.

Анџело е трето засилување за Брегалница, претходно притигнаа Давид Калпачки, Зоран Андонов, но и тренерот Горан Здравков.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни