Поврзете се со нас

Светски првенства

Невил со порака за Роналдо: Мора да го промени однесувањето

Објавено

на

Гери Невил испорача нови критики на адреса на Кристијано Роналдо, алудирајќи на неговиот последен испад за време на настапите на СП во Катар.

Португалскиот репрезентативец го налути селекторот Фернандо Сантош со однесувањето откако беше заменет на дуелот со Јужна Кореја, па вчера беше резерва и одигра само дваесетина минути на дуелот со Швајцарија.

Невил смета дека оваа ситуација е доказ дека проблемот е кај Роналдо, а не кај тренерите со кои и досега имаше сличен проблем.

– Кога ова се случи во Манчестер Јунајтед, дел од коментарите беа дека Ерик тен Хаг сака да покаже кој е главен и да изгради авторитет оставајќи го Роналдо на клупата.

– Но, во случајов се работи за тренер (Сантош) кој има неверојатно добар однос со Роналдо изминатите осум години и мислам дека Кристијано треба да го промени однесувањето.

– Тој секогаш може да влезе во игра и да го реши победникот, но мора да престане со тоа лутење, со таа малодушност, ваквото однесување не му оди во прилог. Мора да се промени, бидејќи дали тренерот на Јувентус погрешил? Дали тренерот на Јунајтед погрешил? Дали португалскиот селектор погрешил? Сите тројца го направија истото со него, – изјавил Невил.

Роналдо повторно во фокусот: Соиграчите слават со фановите, а тој експресно го напушта теренот (ВИДЕО)

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни