НБА
Невидена сцена во Далас: Домаќините најавија жалба, Дончиќ ризикува казна (Видео)

Натпреварот меѓу Далас и Голден Стејт од НБА лигата е топ тема во американската јавност, а причина се дел од случувањата на дуелот кој заврши со победа 125:127 на гостите.
Лука Дончиќ во завршницата бараше лична грешка од Дрејмонд Грин, но откако не ја доби, испорача контроверзен гест кон записничката клупа.
Словенецот алудирал дека судиите се потплатени, што може да му донесе сериозна казна од лигата во финишот на сезоната.
Незадоволството кај Далас е иницирано и од еден спорен момент во третиот период, поради кој сопственикот Марк Кјубан најави официјален протест до лигата.
Кјубан вели дека судиите одлучиле дека топката е за Далас, по што бил побаран тајмаут. По неговото завршување, топката им била доделена на гостите, а Луни постигнал лесни поени бидејќи играчите на Далас биле во офанзивниот дел од теренот.
– За време на тајмаутот судиите ја промениле одлуката и не ни кажаа за такво нешто. Тоа е голема грешка на натпревар кој беше решене со два поени разлика, – изјавил Кјубан.
What is going on. 😂
— Hoop Central (@TheHoopCentral) March 23, 2023
-
Англијапред 13 часа
Ливерпул го обезбедил и второто засилување во новиот преоден рок
-
АТПпред 10 часа
Надал го најави полуфиналето на Ролан Гарос: Алкарас е во подобра форма, но Ѓоковиќ…
-
Шпанијапред 15 часа
Анчелоти избрал замена за Бензема, Флорентино не дава зелено светло за трансферот
-
Светпред 14 часа
Суарез го коментирал можното реактивирање на тандемот со Меси во Интер Мајами
-
Германијапред 12 часа
Баерн Минхен го промовираше првото летно засилување
-
Францијапред 13 часа
ПСЖ има нова стратегија, ќе ангажира дури седум фудбалери под исти услови
-
АТПпред 23 часа
Кореча: Не е лесно да се победи Ѓоковиќ во три сета
-
Францијапред 24 часа
ПСЖ повторно го побарал Зидан, легендарниот ас експресно одговорил на понудата