Поврзете се со нас

Англија

Нереална слика од Манчестер: Фановите масовно го напуштаа „Олд Трафорд“ во вториот дел (Видео)

Објавено

на

Манчестер Јунајтед доживеа тежок пораз на големото дерби со Ливерпул во Премиер лигата, а навивачите одамна не доживеале толку тежок удар во својот фудбалски храм „Олд Трафорд“.

„Црвените“ не му дозволија на Јунајтед да се обиде да стигне до бодовите, откако рано поведоа преку Кејта, на полувреме водеа со 0:4, а до крајот стигнаа до конечни 0:5.

Фановите на Јунајтед очекувано беа многу незадоволни од избраниците на Оле Гунар Солскјер, а тоа најдобро се гледа од видеото снимено пред стадионот, каде уште за време на второто полувреме, голем број од нив веќе тргнаа кон своите домови.

Англиските медиуми велат дека не се сеќаваат дека имало вакво разочарување и дека некогаш биле сведоци на ваква слика пред „Олд Трафорд“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни