Поврзете се со нас

Англија

Неочекуван напад врз Тен Хаг: Замолчи, затоа што не знаеш што зборуваш!

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManUtd

Манчестер Јунајтед го совлада Евертон во Премиер лигата, но тој триумф донесе и една лоша вест за домашниот тим-повредата на најдобриот играч, стрелец Маркус Рашфорд.

Рашфорд заработи повреда на препоните и досегашните информации не се позитивни иако клубот допрва треба да соопшти колкува пауза ќе треба да направи напаѓачот. Менаџерот Ерик Тен Хаг веднаш го пронајде виновникот, односно ги обвини луѓето кои го одредуваат календарот и големиот број на натпревари во само неколку дена.

Овие зборови допреа до тренерот на бразилски Палмеирас, Абел Фереира кој го нападна колегата и му порача да престана да се жали.

-Фудбалот овде  Бразил) има фантастични работи … но има и други кои се нехумани. Девет натпревари за еден месец. Тренерот на Манчестер Јунајтед пред некој ден се пожали дека Рашфорд е повреден поради серијата на натпревари што ги имаат…Јас сакам да го прашам или да му кажам: во наредните два месеци, ќе имаме по девет натпревари во месец… Замолчи, затоа што не знаеш што зборуваш, -истакна Фереира кој со Палмеирас го освои трофејот во шампионатот Паулиста.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни