Поврзете се со нас

Франција

Нејмар може да заработи над 6 милиони евра само од „етички бонус“

Објавено

на

Нејмар добива голема плата како фудбалер на ПСЖ, но во неговиот договор се вклучни и различни бонуси со кои може да ја зголеми својата заработка.

Медиумите открија интересна клаузула според која Бразилецот заработува по половина милион евра секој месец.

Таканаречениот „етички бонус“ е поврзан со пријателско и позитивно однесување и достапност за фановите, а доколку Нејмар ги исполни критериумите, ќе добива по 541.680 евра на месечно ниво.

Покрај пријателското однесување, Нејмар го активира бонусот и ако јавно не ги критикува тактичките одлуки на тренерот.

Тоа значи дека годишно Нејмар само по оваа клаузула може да заработи 6,4 милиони евра, сума која не е достижна како годишна плата и за многу фудбалери од големите клубови.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни