Поврзете се со нас

Франција

Нејмар и Меси покажаа фантастична соработка, ПСЖ го суреди и Лион (ВИДЕО)

Објавено

на

Пари Сен Жермен дојде до седмата победа во осмото коло во Лига 1 и тоа на гостувањето кај Лион каде славеше со 1-0.

„Светците“ го решија овој тест без некои посериозни проблеми и тоа со само еден погодок кој падна по одличната соработка на Нејмар и Меси. Јужноамериканците уште еднаш покажаа како лесно се разбираат, па Аргентинецот го проигра Бразилецот, па Нејмар веднаш ја испрати топката до Меси за гол и шах-мат на оваа средба.

Вреди да се напомене дека Меси во 90 минута имаше и пречка од слободен удар, односно голманот Лопес доволно интервенираше да запише одбрана.

ПСЖ со 22 бода е на првото место со плус два во однос на Марсеј.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни