Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Нејмар и Донарума имале жесток дуел во соблекувалната на ПСЖ

Објавено

на

Поразот на ПСЖ во Мадрид и елиминацијата во Лигата на шампионите донесе голема нервоза и во соблекувалната на францускиот клуб.

Европските медиуми пренесуваат дека во целата тензија по триумфот на Реал Мадрид, Нејмар и Џиџио Донарума имале жесток дуел пред своите соиграчи.

Бразилецот му префрлил на Донарума дека тој е виновен за пресвртот бидејќи погрешил во акцијата во која Реал израмни преку Бензема, а Италијанецот не останал должен и го потсетил соиграчот дека тој ја загубил топката во акцијата во која Реал го постигна вториот погодок.

Вербалната пресметка била толку жестока што соиграчите морале да спречуваат и контакт меѓу Нејмар и Донарума, а ѕвездите на ПСЖ допрва ќе треба да ги смират страстите по болниот пораз.

Реал направи целосен пресврт откако најпрвин Донарума му ја подари топката на Винисиус, а овој асистираше до стрелецот Бензема, за потоа домаќините да искористат уште две грешки на ПСЖ за победа од 3:1 и пласман во четвртфиналето.

Жестоко реагирале и Насер Ал Келаифи и Леонардо, но во соблекувалната на судиите и сега се влезени во записникот кој е испратен до УЕФА.

Судискиот записник на Макели открива како изгледал физичкиот напад од Ал Келаифи по мечот во Мадрид

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни