Поврзете се со нас

Франција

Нејмар го исмева својот наследник во ПСЖ (Фото)

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/Alhilal_FC

Нејмар ги одработи подготовките со ПСЖ и во прв момент се чинеше дека ќе биде важен дел од системот на Луис Енрике, но при завршницата од преодниот рок, Бразилецот направи трансфер во Саудиска Арабија и стави крај на својот престој во Франција.

ПСЖ имаше доволно време да реагира и како негов наследник го однесе Усман Дембеле од Барселона, па дури му ја додели и „10-та“ која беше во сопственост на Бразилецот.

Нејмар со низа реакции на социјалните мрежи јасно стави до знаење дека не е задоволен како се развиваше ситуацијата во ПСЖ, па откако испрати индиректна „отровна стрела“ кон Килијан Мбапе, сега го „пецна“ и Дембеле.

Една објава на социјалните мрежи предизвика реакција од бразилската фудаблска ѕвезда, а причина за потсмев е статистиката која вели дека Нејмар постигнал два, а Дембеле само еден гол како играч на ПСЖ оваа сезона.

За време на подготовките, Нејмар постигна два гола за тимот на Луис Енрике, додека Дембеле има постигнато само еден откако се пресели од Барселона.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни