Поврзете се со нас

Англија

Навивачите на Сити му одговорија на Гвардиола: Гледај си ја тренерската работа!

Објавено

на

Пеп Гвардиола изнуди реакција од официјалното клупско здружение на Манчестер Сити, а поради изјавата со која побара повеќе навивачи на „Итихад“, односно поголема поддршка од домашните фанови.

Шпанскиот стручњак ја испрати пораката по дуелот од Лигата на шампионите против РБ Лајпциг, затоа што на стадионот биле присутни 38.000 од можни 55.000 фанови на Сити.

– Изненаден сум од изјавата и не знам зошто зборува на таа тема.

– Тој не ги разбира потешкотиите кои ги имаат фановите за да бидат на стадионот во среда навечер во 20 часот.

– Некои навивачи имаат деца за кои треба да се грижат, некои не можат да си дозволат, а тука се и компликациите со ковид.

– Гвардиола веројатно најдобар тренер во светот, но мислам дека треба да си ја гледа својата работа. Неговата изјава е вистинско разочарување, а исто така им овозможува на ривалските фанови да се потсмеваат со посетеноста на стадионот кого едвај чекаат да го наречат „Емптихад“, – изјавил Кевин Паркер во име на фановите.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни