Поврзете се со нас

Европски првенства

Нашите ракометари ќе бидат дел од овој спектакл: Како фудбалскиот стадион во Дизелдорф стана ракометна арена (ВИДЕО)

Објавено

на

Македонската ракометна репрезентација денеска го започува настапот на Европското првенство кое се одржува во Германија и тоа против големата Франција.

Оваа средба е закажана за 18 часот, а истата ќе се одигра на фудбалски стадион и се очекува дуелот да го проследат повеќе од 50.000 гледачи.

Стадионот на кој игра фудбалскиот тим Фортуна Дизелдорф беше претворен во ракометна арена, па ова ќе биде голем спектакл од кој дел ќе бидат и избраниците на Кирил Лазаров кои сигурно ќе сакаат да се претстават во најдобро светло особено ако се знае дека фокусот на целата ракометна јавност ќе биде насочена кон овој дуел.

Во продолжение погледнете кратко видео од 15 секунди во кои како „Меркур Шпиле Арената“ стана ракометна сала.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни