Поврзете се со нас

Италија

Наполи победи, Спалети бесен: Нашата должност е да играме фудбал, не сме тим…

Објавено

на

Составот на Наполи забележа победа на гостувањето кај Болоња од 2-0, победа во која улога имаше и нашиот Елиф Елмас кој запиша асистенција при првиот гол на клубот од Неапол.

Со овој триумф наполитанците се зацврстија на третата позиција, но тренерот Лучијано Спалети не беше задоволен од тоа како неговиот тим се претстави на „Ренато Дал Ара“ без разлика на освоените три бода.

-Вознемирен сум кога не го правиме добро тоа што треба да го направиме. Наша должност е да играме фудбал. Ние не сме тим кој може да се брани подолг временски период, ние не сме физичка екипа. Се мачиме во овие ситуации, па мораме да го задржиме поседот на топката и да избегнуваме да се браниме бидејќи тоа е нешто што не можеме да го направиме.

-Понекогаш сме премногу „лигави“ за улогата што ја имаме во лигата и градот што го претставуваме. Мора да се бориме и добро да си ја вршиме работата. Ќе бидеме среќни кога ќе ги израдуваме нашите навивачи. Да се биде фудбалер не е доволно, мораме да ги правиме луѓето среќни во спротивно, ние сме обични луѓе.

-Изгубивме премногу бодови оваа сезона. Мора да стигнеме до топ-четири. Имаме квалитет и тим да го направиме тоа, како и сите други седум клуба. Понекогаш губиме квалитет, требаше максимално да го искористиме просторот што ни го оставија во последните минути од играта. Ние не го сторивме тоа страдавме по нивниот пресинг на крајот од натпреварот, -истакна Спалети.

Во следното коло Наполи е домаќин на Салернитана.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни