Поврзете се со нас

Италија

Наполи ја запре победничката серија на Интер во Серија А (ВИДЕО)

Објавено

на

foto: twitter.com/SerieA

Интер и Наполи (1-1) ги поделија бодовите во последниот денешен натпревар во италијанската Серија А.

Ова беше дуел на две екипи кои пред неколку дена беа елиминирани од Лигата на шампионите и дефинитивно не беше лесно да се вратат во ритам по тие резултати, неуспеси во елитното натпреварување.

На крајот се заврши со по еден гол во мрежите на Зомер и Мерет, домаќините го отворија резултатот преку Дармијан во 43 минута. Овој резултат беше активен на семафорот до 81 минута кога дефанзивецот Жезус се најде на вистинското место и ја спроведе топката на посакуваното место.

Инаку за Интер ова беа први загубени бодови во Калчото во 2024 година, меѓутоа тоа не е проблем за „нероаѕурите“ кои се убедливо први со 76 поени или 14 повеќе во однос на второпласираниот Милан.

Наполи со 45 е на 7 позиција.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни