Поврзете се со нас

Македонија

Напаѓачот Калид Басит повторно ќе тресе мрежи за Македонија Ѓорче Петров

Објавено

на

Утре се враќаат возбудувањата во првата македонска фудбалска лига, а во пресрет на 19.коло екипата на Македонија Ѓорче Петров промовираше уште едно засилување за вториот дел од кампањата.

Се работи за добро познато име во западната скопска населба, играчот кој остави одличен впечаток во сезоната 2020/2021-тоа е напаѓачот Калид Басит. Тој на 14 натпревари во ПМФЛ даде 8 гола и забележа 3 асистенции по што направи трансфер во Есперанса во Тунис по што следуваа ангажмани во Молдавија и Кувајт пред одново да слета во Македонија.

Ѓорчепетровци се само шеста екипа по ефикасност во шампионатот, па доаѓањето на голгетерот од Гана треба тоа да го промени.

Претходно „лавовите“ се засилија со Вукашин Јовковиќ, Јован Попзлатанов, Андреј Јаго да Силва Мескита Алмеида и Драган Стојков, а четиригодишен договор потпиша талентирнаиот Алтин Алији.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни