Билијард и Снукер
Најџел Бонд: Снукерот е како шах со топчиња!

Новото доаѓање на Најџел Бонд во Македонија повторно е во насока на зацврснување на позициите што македонската снукер заедница ги гради, почнувајќи буквално од „поставување на темели“. Дополнително, овој настан доаѓа токму по неодамнешната промоција на новите федерации за билијард и снукер, кои следејќи ги свестските трендови се одвоени и успеаја да добијат членство и во европските асоцијации.
На прес конференцијата по повод новата посета на Најџел Бонд беше презентирана и пошироката програма за време на неговиот неколкудневен престој, а потоа тој беше достапен и за одговори на новинарски прашања.
ДЕРБИ: Како вие гледате на напредокот на снукерот во Македонија?
– Ова е моја петта посета, прв пат дојдов во 2013 година. Може да се каже дека играчите се подобруваат, има еден или двајца што покажуваат голем потенцијал. Лазар и „Гран клуб“ се големи заљубеници во оваа игра и во неа вложуваат многу време, без финансиска надокнада. Фантастично е што сега постои и Национална федерација, јас сум тука поради желбата тие да напредуваат со тренинзите, а дополнително, фактот што се лиценцираат судии, укажува дека нештата се движат во вистинска насока. Се надевам дека ќе добијат помош од државата, потоа прифаќање во големото олимписко семејство, шанса да финансираат свои играчи на големите европски турнири, а тоа ќе придонесе за поголем интерес кај играчите. Ова се луѓе на кои вреди да им се помогне.
ДЕРБИ: Кога велите дека имаме играчи со потенцијал, колку големо е всушност она „малку“ што им недостасува за да се борат со професионалци или пак за да станат професионалци?
– Во моментов тие се далеку, мислам дека нема играч со потенцијал да биде професионалец (н.з. – меѓу оние 128 играчи од про-серијата), но затоа 2-3 играчи се способни да се натпреваруваат на нешто повисоко ниво. Не знам дали би можеле да победат на тие турнири, но секако ќе стекнат поголемо искуство кое ќе им помогне да се изградат.
ДЕРБИ: Можете ли да најдете сличности меѓу снукерот и некој друг спорт?
– Да, снукерот е како шах со топчиња, на пример. Еве, шахот исто се игра на маса, но исто така се е во стратегијата и тактика. Дури и Кинезите така гледаат на тоа. Може да зборуваме за техника, не како во фудбалот, можеби повеќе како во голф, кога секоја топка мора да биде 100%. Ако не гледаш низ топката, нема да бидеш во можност да видиш дали треба да направиш вака или онака. Почетникот мора прво да ја научи основата, мора да ги гледа линиите на ударите, да и пристапи на масата коректно, да стои добро, да нема лабав контакт, ниту пак прегруб. Но сепак, најголемиот дел од луѓето мислат дека играчот само ја удира топката.
ДЕРБИ: При Вашата претходна посета дознавме дека сте голем фан на фудбалот и на Манчерстер Сити. Денеска главна вест е доаѓањето на Жозе Мурињо во Тот`нем, додека за Пеп Гвардиола кружат гласини дека би можел да се врати во Минхен. Како гледате на овие нешта?
– За мене Пеп Гвардиола е најдобар тренер на светот. Лани освои четири трофеи со Манчестер Сити, тоа е прекрасно. Не би сакал да си замине. Мурињо ми беше симпатичен додека беше во Челси, сега мислам дека многу мрчи. Може да се рече дека како навивач на Сити не ги сакам менаџерите на Јунајтед, но во суштина мислам дека фудбалот во кој „ќе паркирате автобус“ е досаден. Пеп цело време напаѓа, сака да даде повеќе голови, мислам дека никој не игра подобар фудбал. Можеби само Барселона е слична!
-
НБА22 часа
Најавите се остварија: Богдановиќ ја замени Атланта со Лос Анџелес
-
Шпанија11 часа
Ханси Флик за една своја ѕвезда: Тој не се споредува со ниту еден друг играч во светот
-
Италија20 часа
Шампионот настрада на „Артемио Франки“: Фиорентина го потопи Интер во продолжениот меч во Серија А (ВИДЕО)
-
Англија20 часа
Ливерпул го уништи Тотенхем и ќе се бори за трофејот во Лига Купот (ВИДЕО)
-
Италија20 часа
Лука Тони: Toa не е добар знак за Јувентус…
-
НБА23 часа
Лејкерс донесе и центар за борбата под обрачите (ВИДЕО)
-
Македонија24 часа
Шкендија во возбудлив меч загуби од Динамо Киев (ВИДЕО)
-
Свет23 часа
Поранешен европски шампион заинтересиран за Погба: Ќе бидеме среќни…