Поврзете се со нас

Свет

Нагелсман за необичното ремек-дело на Крос и Вирц: Ова го вежбавме на тренинзите (Видео)

Објавено

на

Враќањето на Тони Крос во репрезентативниот дрес донесе огромна стабилност во средниот ред на Германија, но и визија каква што недостасуваше кај „панцирите“ во последните неколку месеци.

По разочарувачкиот ФИФА прозорец на крајот од минатата година и двата порази од Турција и Австрија, очекувањата кај Германците не беа преголеми на гостувањето во Лион, но тимот на Нагелсман целосно ја надигра Франција и победи со 0:2.

Дерби пресметката беше отворена на несекојдневен начин и Флоријан Вирц постигна спектакуларен гол уште во 7-та секунда, но начинот на кој беше изведен почетниот удар се најде во центарот на вниманието.

Тони Крос ги измами француските фудбалери со лажно движење дека ќе ја враќа топката назад, па неговото додавање заврши до Вирц кој потоа испрати неодбранлив удар во мрежата на Самба.

– Големи комплименти до сите во тимот, ова беа многу добри перформанси од наша страна. Можевме да постигнеме барем уште еден гол во мрежата на Франција. Почетната акција беше планирана да ја изведеме на таков начин, тоа беше одлично подготвено од нашиот тренер за прекини, Мадс Бутгерит. Ова го вежбавме на тренинзите и беше одлично егзекутирано. Многу сум задоволен од целокупното издание, – изјави селекторот Нагелсман.

Видеото погледнете го ТУКА 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни