Поврзете се со нас

Германија

Нагелсман го ослободи играчот кој ја изрежира најголемата глупост на подготовките (Фото)

Објавено

на

Јулијан Нагелсман до сега немаше можност да располага со своите најдобри играчи на подготовките и тоа резултираше со доста скромни изданија на пријателските средби, на кои шанса добиваа играчи кои требаше да се докажат пред новиот тренер.

Иако се мислеше дека Џошуа Зиркзе оваа сезона ќе дочека шанса да му биде замена на Роберт Левандовски во нападот, младиот напаѓач сепак нема да има таква улога во новата сезона, откако Нагелсман процени дека најдобро за него е да отиде во клуб кој ќе му вети минутажа.

Само за потсетување, младиот Зиркзе ја изрежира најголемата глупост на подготовките и беше опоменат од самиот Нагелсман, кој сега им даде зелено светло на одговорните луѓе за негово ослободување.

Сигурно ќе добие лекција од Нагелсман: Млада ѕвезда на Баерн се посрамоти на средбата со Ајакс (ВИДЕО)

Талентираниот 20-годишен Зиркзе потпиша со Андерлехт и ќе игра во Белгија на позајмица во наредните 10 месеци, по што ќе се врати во клубот во кој се формираше.

– Многу е важно Зиркзе да ја добие минутажата која е потребна оваа сезона, а Андерлехт му ја овозможува таа шанса. Џошуа мора да го направи следниот важен чекор во професионалната кариера, а белгиската е навистина интересна лига. Верувам дека ќе се врати како созреан играч од Белгија, – изјави Хасан Салихамиџиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни