Поврзете се со нас

Македонија

МЗТ со втора победа над ТФТ потврди уште едно плејоф финале

Објавено

на

Кошаркарите на МЗТ Скопје ќе имаат можност да ја бранат домашната титула, бидејќи со денешната победа над ТФТ изборија пласман во финалето на македонскиот кошаркарски плејоф.

МЗТ вечерва како гостин го победи скопскиот ривал со 82:92 и стигна до победа од 2:0 во полуфиналната серија.

ТФТ имаше подобар почеток на натпреварот во „Кале“, но МЗТ го подигнуваше нивото до крајот на полувремето и на пауза замина со четири поени предност.

Позитивата е зголемена до крајот на третиот период, а двоцифрената предност се покажа како недостижна за ТФТ, па МЗТ рутински го затвори дуелот за победа во полуфиналната серија.

Ајви со 18 и Милошевиќ со 17 поени беа најдобри реализатори во редовите на МЗТ, додека кај ТФТ, Николов и Морган реализираа по 17 поени.

Во второто полуфинале Еуро Никел го доби Пелистер со 90-89 и се избори за мајсторка во оваа серија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни