Поврзете се со нас

Македонија

МЗТ доминантен против ТФТ, Работнички со добар финиш до победа против Црн Дрим

Објавено

на

Работнички и МЗТ Скопје забележаа нови победи во македонското кошаркарско првенство, продолжувајќи да ја подобруваат својата позиција со одигрување на заостанатите натпревари.

Работнички се мачеше на гостувањето кај Црн Дрим Грин Мобиле и дури во последниот период успеа да ја совлада струшката екипа со резултат 78:85.

Гостите имаа четири поени негатива на стартот на последниот период, но направија серија, со која на крајот Работнички сепак стигна до планираните бодови.

Питс со 25 и Аска со 19 поени биле најпрецизни во скопскиот состав, додека кај Црн Дрим Грин Мобиле, Пантиќ и Соколовиќ реализирале по 15 поени.

Натпреварот меѓу ТФТ и МЗТ Скопје требаше да биде дерби, но составот од Аеродром одигра одлично прво полувреме кое го заврши со резултат 35:57, а во третиот период водеше и со 28 поени разлика.

До крајот МЗТ Скопје рутински ја одржа предноста за победа 78:97 и заслужено ги освои бодовите.

Олуџоби со 18 и Крстевски со 14 поени беа предводници кај реализаторите на МЗТ, додека во редовите на ТФТ, Смит го завршил натпреварот со 18 поени.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни