Поврзете се со нас

Италија

Мурињо откри колку долго ќе остане во Рома и зошто Феенорд има предност за финалето во Тирана

Објавено

на

Жозе Мурињо денеска имал средба со новинарите на која зборувал на разни теми кои ги подразбираат следните активности на Рома.

Португалецот го подготвува тимот за последното коло во Серија А, односно дуелот со Торино, а не заборава ниту на финалето во Конференциската лига закажано за следната среда.

Противник на Рома ќе биде Феенорд, холандскиот преставник кој според Мурињо има реална предност во пресрет на финалето во Тирана.

– Сега треба да се соочиме со Торино, комплициран противник и факт е дека не можеме да ги одмориме сите фудбалери.

– Истовремено, Феенорд ќе има дополнителна недела дена одмор во Португалија, што секако е предност за нив. Како и да е, тоа ќе биде финале и ќе мора да заборавиме на овие детали и да се подготвиме, – изјавил Мурињо, кој зборувал и за своите планови во Рим.

– Знаете дека потпишав тригодишен договор со Рома бидејќи толку трае проектот. Сакам да останам уште две сезони, тоа е сигурно, а потоа ќе видиме во која насока ќе се движи проектот, – изјавил Мурињо.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни