Поврзете се со нас

Англија

Мурињо има замерка за форматот на Лига Европа

Објавено

на

Жозе Мурињо ќе се обиде уште еднаш да го освои трофејот во Лига Европа, сезонава како менаџер на Тотенхем, но премиерлигашот ќе треба да се соочи со многу посилни ривали во однос на досегашниот дел од сезоната.

Португалецот веќе го прогласи својот поранешен клуб Манчестер Јунајтед за еден од новите фаворити во Лига Европа, а откако „црвените ѓаволи“ доживеа елиминација во Лигата на шампионите и ќе го продолжат својот настап во помалку елитното натпреварување.

Мурињо има и една забелешка за форматот на Лига Европа, која добро ја познава.

– На ваков начин се зголемува квалитетот и интензитетот на натпреварувањето. Сепак, од спортски аспект, мислам дека не е коректно една екипа која доживува елиминација, да продолжи во друго натпреварување, – изјавил менаџерот на Тотенхем.

Со евентуална победа на утрешниот дуел против Антверпен, Тотенхем ќе си ја потврди првата позиција во групата во ЛЕ, што значи и подобра ждрепка за нокаут фазата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни