Поврзете се со нас

Италија

Мурињо го нападна Пинто: Никогаш повеќе нема да работам со него

Објавено

на

Foto:twitter.com/OfficialASRoma

Тиаго Пинто како поранешен спортски директор на Рома ја имаше најтешката задача на почетокот на новата година, бидејќи требаше да му соопшти на Жозе Мурињо дека заработил отказ.

Пинто мораше тоа да го прави на две недели пред да му истече договорот со Рома, а откако и тој стана минато за „волчицата“, последно привлече внимание со последното интервју.

Спортскиот директор посочи дека му било исклучително тешко да го отпушти Мурињо, но одговори и на поплаките за лошата трансфер стратегија на клубот, во која според него учествувал токму „специјалниот“.

– Можеби повремено имавме различни идеи со Мурињо, но се уште би можеле да работиме заедно во иднина. Сите одлуки кои ги донесовме, ги носевме заедно. Никогаш не купив играч без одобрение од Мурињо, – изјави Пинто пред неколку дена, а денеска доби брутален одговор од сонародникот.

– Интервјуата на Тиаго Пинто воопшто не ме засегаат, не трошам ниту една секунда да прочитам или да слушнам што изјавил Пинто. Што и да ми кажете дека тој изјавил, за мене не прави никаква разлика. Немам интерес да го слушнам неговото мислење. Дали би работел со него во иднина? Дефинитивно не! Понекогаш за некои работи викате „можеби“, но во овој случај, дефинитивно НЕ, – изјавил Мурињо за време на средбата со новинарите во Портимао каде денеска се возеше големата Мото ГП трка.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни