Поврзете се со нас

АТП

Муратоглу: Гувернерот на Њујорк може да го откаже Ју-Ес Опен

Објавено

на

Патрик Муратоглу е тренер на Серена Вилијамс, а во моментов и организатор на егзибициски тениски турнир, но не е оптимист дека годинава ќе се одржи Ју-Ес Опен.

Организаторите на американскиот тениски грен-слем се убедени дека турнирот ќе започне според планот, односно на 31. јули, но Муратоглу смета дека ситуацијата е ризична.

– По се она што се случува во моментов во САД, каде случаите со КОВИД-19 се зголемуваат секој ден, не сум убеден дека ќе има Ју-Ес Опен.

– Ако гледате отстрана, обидот да се одржи турнирот изгледа како лудост, па и не знам колку одржувањето е добра идеја. Во Њујорк посебно има зголемување на заразените, па нема да бидам изненаден ако гувернерот во последен момент реши да го откаже турнирот, – изјавил Муратоглу.

Истакнатиот тренер вели дека ако ситуацијата била постабилна како во Европа, шансите би биле поголеми, но вака само организаторите на Ју-Ес Опен се оптимисти.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни